Играчите треба да стасуваат и да се градат во клубовите, а да се промовираат преку репрезентацијата. Еден од моментите кои предизвикуваа највеќе внимание беше селекцијата на играчи за овој шампионат. За тоа сноси одговорност самиот селектор и за него тие играчи можеби не се најдобри во овој момент, но претставуваат перспектива за во иднина.
Навикнати на успесите кои ни ги приредуваа ракометарите на изминатите големи натпреварувања, резултатот на машката ракометна репрезентација на последното СП дојде како големо разочарување на сите нас. На 7. Настап на СП го освоивме 23 место во конкуренција на 32 репрезентации. На мундијалот на кој влеговме како „резерва“ по откажувањето на Чешка.
Од вчера Македонија е во потрага по нов селектор, откако Брестовац и РФМ ја прекинаа соработката. Ако ова првенство го „жртвуваме“ за помладите да добијат поголемо искуство, дали новиот селектор кој и да биде, ќе продолжи со трендот на подмладување или преку ова првенство ќе добие појасна слика на кого може да се потпре во иднина? Квалификациите за ЕП брзо ќе дојдат и не смееме да го испуштиме „брејкот“ што го направивме на гостувањето во Швајцарија, зошто од круцијално значење е континуитетот на големите натпреварувања.
А како поминавме на СП? Што беше добро, а што лошо? На што требаше повеќе да внимаваме?
До последен момент не знаевме дали ќе учествуваме на СП, па можеби не бевме доволно физички подготвени за ваков турнирски систем на натпреварување. Поради ковид пандемијата, дел од репрезентативците не тренираа редовно во континуитет во своите клубови, што се одрази на нивната физичката подготвеност и формата во која се наоѓаат. Иако не уверуваа дека се подготвени, како што одминуваше СП се виде дека тоа не е така, и тој недостаток противниците знаеја да го искористат и едноставно не претрчуваа на терен. Враќањето од напад во одбрана беше под секое ниво.
Ако ја погледнеме статистиката, фактот што примавме во просек повеќе од 30 голови на натпревар, е доказ виде дека одбраната е послабиот дел од играта, иако на гол ги имавме одличните Митревски и Томовски кои добро се надополнуваа.
Недостасуваше централен дефанзивец, специјалист, кој ќе командува со одбраната. Решението со Мишевски на средината во овој момент не даде плод. Слабата форма на Талевски, доведе на секој натпревар да лутавме со добитната комбинација во одбраната. Стоилов премногу го трошевме во напад па затоа неговиот придонес во одбраната беше намален. Одбрана треба да сакаш да играш и секој недостаток се надополнува со борбеност и ангажираност. Токму тој жар и цврстина како да недостасуваше кај нашите репрезентативци. Освен неколку наивни исклучувања за влечење, туркање, 2 минути не добивме за некој цврст и жесток фаул. Ако нема одбрана нема ниту транзиција, тоа значи дека нема лесни голови од контра кои психолошки се многу битни. Од една страна се награда за нашата одбрана, а од друга страна го уништуваат во поим противникот.
Во напад се виде дека ни недостасува еден централен бек, креативец кој ќе ја организира нашата игра. Кузмановски повеќе е реализатор отколку организатор, најкорисен беше кога е продорен во полн залет или од транзиција. Талевски тотално аут на овој шампионат па така изостана неговата поддршка во нападот. Танковски требаше да биде решение за таа позиција но повредата не му даде можност да се покаже во целина. Можеби требаше да пробаме со Лазаров на центар па со два десни бека да напаѓаме и така тој беше продолжена рака на селекторот на терен и командуваше со нападот.
Играта преку пивотмените функционираше беспрекорно. Таа “2 на 2“ ја имавме докторирано на овој шампионат. Исто така и играта со човек повеќе беше доста успешна.
Играчите треба да стасуваат и да се градат во клубовите, а да се промовираат преку репрезентацијата. Еден од моментите кои предизвикуваа највеќе внимание беше селекцијата на играчи за овој шампионат. За тоа сноси одговорност самиот селектор и за него тие играчи можеби не се најдобри во овој момент, но претставуваат перспектива за во иднина.
Факт е дека дел од репрезентативците немаат доволна минутажа во своите клубови, што сигурно се одрази на нивниот настап на ова првенство. Дел од „помладите“ ја оправдаа својата улога на овој шампионат, како Костески, Серафимов, Цветан Кузмановски, Томовски, дел не. Нешто што бодеше очи беше пристапот на помладите кон играта, доза на неодговорност пред се во напад. Не ја ценеја доволно топката. Ако сум влезен на 10 разлика треба да направам се, да заврши натпреварот 5 разлика, а не со два три неодговорни шута во серија да отиде на 13.