Ѓукиќ: Целје е млада, но сериозна екипа – ќе се обидеме да ги победиме

Ракометарите на Охрид ги очекува голем предизвик на гостувањето кај словенечкиот Целје во првиот полуфинален натпревар од ЕХФ Европскиот Куп.

Охриѓани досега немаат пораз на меѓународна сцена, а десното крило Дарко Ѓукиќ ги сподели очекувањата пред пресметката со некогашниот европски првак.

„Се истрошивме на натпреварите од Купот, особено во финалето против Вардар, но немаме време за тага, и мора да се свртиме кон Целје. Се подготвуваме и ќе дадеме се од себе да оствариме победа во Целје. Ќе дадеме се од себе. Нема да биде лесно, една сериозна екипа е, ама како и секогаш до сега во оваа сезона ќе одиме на победа. Секоја чест за нашите навивачи кои ни пружат поддршка низ текот на целата сезона, драго ми е што ќе патуваат со нас, ќе не бодрат во Целје и ќе се обидеме да ги израдуваме“, изјави Ѓукиќ.

Натпреварот меѓу Целје и Охрид се игра утревечер со почеток од 18:00 часот во „Златорог Арена“.