Црногорките добија силен удар, а шок претрпеа и Русинките

На средбите од 2.коло на Олимписките игри две селекции кои важеа за фаворити за победа доживеаја шок откако претрпеа порази, а станува збор за селекциите на Црна Гора и Русија.

На првиот натпревар во 2. коло се виде расположеноста на домашните за надигрување и беше виден квалитет со кој станува јасно дека селекцијата на Јапонија ќе има што да прикаже и влегува во трка за пласман во четврт-финалето на игрите.

Средбата која беше одиграна во текот на ноќта донесе големо изненадување, а Црногорките видоа дека мораат да бидат посериозни на теренот доколку сакаат да успеат на овие ири да дотуркаат до повисок пласман.

Шок претрпеа и Русинките кои беа декласирани од страна на Шведска така што веќе е запален алармот во таборот на зборнаја.

ГРУПА А

РЕЗУЛТАТИ ОД 2.КОЛО

ЈАПОНИЈА – ЦРНА ГОРА             29:26 (14:13) – ИЗВЕШТАЈ

ЈУЖНА КОРЕЈА – ХОЛАНДИЈА  36:43 (15:19) – ИЗВЕШТАЈ

АНГОЛА – НОРВЕШКА  21:30 (10:15) – ИЗВЕШТАЈ

3.КОЛО (ЧЕТВРТОК, 29 ЈУЛИ)

02:00ч

ХОЛАНДИЈА – АНГОЛА

07:15ч

ЈАПОНИЈА – ЈУЖНА КОРЕЈА

09:15ч

ЦРНА ГОРА – НОРВЕШКА

ГРУПА Б

РЕЗУЛТАТИ ОД 2.КОЛО

БРАЗИЛ – УНГАРИЈА     33:27 (17:11) – ИЗВЕШТАЈ

ШВЕДСКА – РУСИЈА      36:24 (15:9) – ИЗВЕШТАЈ

ФРАНЦИЈА – ШПАНИЈА               25:28 (12:12) – ИЗВЕШТАЈ

3.КОЛО (ЧЕТВРТОК, 29 ЈУЛИ)

04:00ч

ШПАНИЈА – БРАЗИЛ

12:30ч

УНГАРИЈА – РУСИЈА

14:30ч

ШВЕДСКА – ФРАНЦИЈА