Норвежанките рутински одработија против Ангола

Репрезентацијата на Норвршка ја оствари својата втора победа на Олимписките игри откако беше убедлива против Ангола со девет гола разлика 30:21 во рамките од А групата.

Во воведниот дел, Ангола покажа солиден отпор и резултатски им парираше на фаворизираните ракометарки од Норвешка. До првата половина од првиот дел се играше гол за гол, најчесто и двете репрезентации се менуваа во водство.

Мерк, Кристиансен и Офтедал беа водечките ракометарки во норвешкиот состав и со нивните голови, Норвешка имаше предност од 8:6. Во последните десет минути од првиот дел, Ангола направи неколку технички грешки, а искусните ракометарки на Норвешка ја казнуваа секоја нивна грешка и заминаа на полувреме со предност од пет разлика, 15:10.

Второто полувреме беше само форманлност. Растеше предноста за репрезентацијата на Норвешка, додека Ангола беше немоќна во налетот на противникот. Веќе во 40. минута резултатот беше 21:14 за Норвешка. До крајот на натпреварот, Норвежанките постигнаа девет гола и во нивната мрежа примија само шест.

Kај Норвешка седум гола даде Солберг, додека кај Ангола најефикасни беа Касома и Гуало со по шест погодоци.