Суперлигашите одиграа 16 кола, 16 играчи станаа МВП на коло

Со завршувањето на есенскиот дел од сезоната во кој беа одиграни 16 кола од регуларниот дел на сезоната може да се направи мал пресек на сето она што беше сработено во досегашниот дел и да се види што успеаја да постигнат.

Во 16. кола што беа одиграни досега имаше 16 различни играчи кои дојдоа до признанието за МВП на колото.

Статистиката вели дека во досегашниот дел од сезоната МВП станаа играчи на девет екипи. Од нив Бутел Скопје и Пролет имаат по тројца кои биле МВП, по двапати биле ракометари на Охрид, Струга и Прилеп, а по еднаш играчи од Еурофарм Пелистр 2, Тиквеш, Скопје и Радовиш.

Деветпати МВП станаа играчи од Македонија, а седумпати интернационалците кои играт во Супер машката лига. Од нив по тројца беа од Црна Гора и Србија, а еден играч е од Грузија.

МВП НА КОЛО ВО СУПЕР МАШКАТА ЛИГА

1.КОЛО: Жарко Пејовиќ (Пролет)

2.КОЛО: Хазеин Рустамов (Прилеп)

3.КОЛО: Здравко Постолов (Радовиш)

4.КОЛО: Кристијан Василевски (Бутел Скопје)

5.КОЛО: Андреј Петковски (Пролет)

6.КОЛО: Марко Митев (Бутел Скопје)

7.КОЛО: Давор Шокоски (Прилеп)

8.КОЛО: Владан Кастратовиќ (Струга)

9.КОЛО: Бојан Спасовски (Бутел Скопје)

10.КОЛО: Стефан Додиќ (Охрид)

11.КОЛО: Јагош Брауновиќ (Охрид)

12.КОЛО: Страхиња Симиќ (Тиквеш)

13.КОЛО: Давор Палевски (Пролет)

14.КОЛО: Александар Василевски (Скопје)

15.КОЛО: Цветан Кузманоски (Еурофарм Пелистер 2)

16.КОЛО: Жарко Барјактаревиќ (Струга)