МВП на 10. коло во Супер машката лига – Стефан Додиќ (Охрид)

Ракометарот на Охрид, Стефан Додиќ се најде на списокот на играчи кои добиле најмногу гласови од читателите на 24 Ракомет во изборот на ракометар на колото во Супер машката лига.

Додиќ е играч на 10. коло од Супер машката лига, а според процентот на освоени гласови имаше дури двојно повеќе од второпласираниот Бобан Блажески од Струга.

Во седумката за која се гласаше за ова коло беа и Тимур Дибиров (Вардар), Градимир Чаневски (Бутел Скопје), Владимир Јевтиќ (Бутел Скопје), Павле Петровиќ (Еурофарм Пелистер 2) и Реине Табоада (Еурофарм Пелистер).