МВП на 14. коло во Супер машката лига – Александар Василевски (Скопје 2020)

Левиот бек на екипата на Скопје 2020, Александар Василевски доби најмногу гласови во анкетата за 14. коло од Супер машката лига.

Тој заврши со убава предност пред конкурентите. Доби речиси 50 проценти од гласовите така што немаше како другите да успеат да го стигнат при ова гласање.

Василевски со 49,15% заврши пред голманот на Прилеп, Зураб Цинцадзе кој доби 32,94 проценти од гласовите.

Во седумката за 14. коло се најдоа и Никола Стефановиќ (Тиквеш, 13,62%), Тимур Дибиров (Вардар, 1,28%), Димитар Димитриоски (Еурофарм Пелистер 2, 1,09%), Матео Мараш (Еурофарм Пелистер, 1,01%) и Реван Чантурија (Прилеп, 0,91%).