МВП на 2. коло од Супер машката лига – Хазеин Рустамов (Прилеп)

Ракометарот на Прилеп, левото крило Хазеин Рустамов е играч на 2. коло во регуларниот дел од Супер машката лига.

Рустамов успеа да добие најмногу гласови од читателите на 24 Ракомет, а процентуално тоа е 38,34 од вкупниот број на гласови.

Тој се најде пред Павле Атанасијевиќ така што го запиша своето име на списокот на освојувачи на МВП признанието воизборот на најдобар играч на коло во најсилната лига во машка конкуренција.

Во продолжение можете да видите кои беа сите играчи што се најдоа во изборот за играч на колото и каков беше процентот на добиени гласови.