МВП на 8. коло во Супер машката лига – Владан Кастратовиќ (Струга)

Ракометарот на Струга, кој е организатор на играта, Владан Кастратовиќ е МВП на 8. коло од Супер машката лига откако доби убедливо најмногу гласови во изборот на најдобар играч.

Кастратовиќ доби речиси 71 процент од гласовите и беше со предност од 50 проценти во однос на крилото на Тиквеш, Дарко Кондев.

Другите петмина во ова гласање завршија со големо заостанување. Во трка за играч на 8. коло беа Александар Петковски (Металург), Стипе Мандалиниќ (Еурофарм Пелистер), Стефан Атанасовски (Вардар), Даниел Дупјачанец (Металург) и Павле Петровиќ (Еурофарм Пелистер 2).