МВП на 5. коло од Супер машката лига – Андреј Петковски (Пролет 62)

Голманот на екипата на Пролет, Андреј Петковски имаше одлична партија против тимот на Тиквеш во кој беше обезбедена победа од 31:26.

Петковски одбрани на високо ниво и во моментите кога се одлучуваше победникот тој имаше важна улога. Во гласањето за МВП на 5. коло од Супер машката лига тој доби над 39 проенти од гласовите и имаше предност од 13 проценти во однос на Павле Атанасијевиќ од Еурофарм Пелистер 2.

Во конкуренција за играч на колото беа вардарците Тимур Дибиров и Дарко Ѓукиќ, Халил Озтурк од Металург, Филип Николов од Охрид и Елмир Граџан од Еурофарм Пелистер.

Процентот на гласовите кои ги добија можете да го погледнете во продолжение.