МВП на 3. коло од Супер машката лига – Здравко Постолов (Радовиш)

Бекот на тимот на Радовиш, Здравко Постолов е носител на признанието за играч на 3. коло од регуларниот дел на сезоната во Супер машката лига.

Постолов ја доби трката за најдобар ракометар во колото откако собра најмногу гласови од читателите на 24 Ракомет, но со мала предност во однос на Цветан Кузманоски од Еурофарм Пелистер.

За нив се најде уште еден ракометар на Еурофарм Пелистер, Павле петровиќ, кој имаше солидно заостанување.

Во продолжение можете да видите кои беа сите играчи што се најдоа во изборот за играч на колото и каков беше процентот на добиени гласови.