МВП на 9. коло во Супер машката лига – Бојан Спасовски (Бутел Скопје)

Десното крило на Бутел Скопје е МВП на 9. коло од Супер машката лига откако доби убедливо најмногу гласови во изборот на најдобар играч.

Спасовски доби 40% од вашите гласови, а трката со играчот на Прилеп, Хари Павлов беше изедначена до самиот финиш.

Другите петмина ракометари што беа во идеалниот тим, имаа големо заостанување во однос на Спасовски и Павлов.