МВП на 15. коло во Супер машката лига – Цветан Кузманоски (Еурофарм Пелистер 2)

Ракометарот на Еурофарм Пелистер 2, левото крило Цветан Кузманоски доби најмногу гласови во анкетата за избор на ракометар на 15. коло од Супер машката лига.

Кузманоски доби 40,17 проценти од гласовите и беше пред десното крило на Бутел, Бојан Спасовски кој беше најблизу до него со 27,86 проценти од гласовите.

Во трката за играч на колото беа и Анте Гаџа (Вардар), Златко Хорват (Металург), Стипе Мандалиниќ (Еурофарм Пелистер), Борко Ристовски (Вардар) и Елмир Граџан (Еурофарм Пелистер).