Eвропската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од второто коло во Лигата на Европа кај дамите.
Браќата Методија и Михајло Илиевски ја уживаат довербата од ЕХФ и добија ново делегирање оваа сезона.
Тие ќе го судат првиот натпревар од двомечот меѓу хрватскиот тим Бјеловар и францускиот Шамбре Турен.
Овој меч е закажан за 3 октомври од 19:00 часот, а делегат е Унгарецот Ватај.
























