Некогашна ракометарка на Металург ја препеа легендарната „Јесен у мени“ – еве како звучи (ВИДЕО)

Поранешната ракометарка на Металург, Кристина Лишчевиќ, која во Македонија го имаше првото интернационално искуство, пред две години заплива во музичките води.

Србинката се уште е активна на ракометните терени, настапува во шампионатот на Романија, поточно во Дунареа Браила, и во слободно време се занимава со музика.

Лишчевиќ по дебитанската песна „Ќе победам“, доби охрабрување од ракометните љубители, па така минатата година го издаде и вториот сингл „Кој е најдобар“.

Со нејзината втора песна ја забавуваше ракометната публика на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите во Будимпешта.

Таа пред извесен период ја препеа легендарната „Јесен у мени“ од Аки Рахимовски и хрватската рок-група „Парни Ваљак“.

Слушнете како звучи…