КУП НА МАКЕДОНИЈА: Пет прволигаши преку групи ќе се борат за Ф4

Од петокот до денеска беа одиграни 15 натпревари од елиминациското коло во Купот на Македонија.

Главно беа постигнати очекувани резултати, а единтвено изненадување направи Алкалоид, кој го елиминира суперлигашот Радовиш.

Сите други суперлигаши се пласираа во групната фаза (Вардар беше слободен во елиминациите), па сега се комплетирани 16 екипи што ќе се борат за Ф4.

Меѓу нив има дури пет прволигаши и 11 суперлигаши, кои групната фаза ќе ја одиграат на 12 и 13 март следната година.

Шеширите пред ждрепката за групите ќе бидат познати по завршувањето на есенскиот дел во суперлигашката и прволигашката конкуренција.

Куп на Македонија, елиминациско коло:
*прочитајте го извештајот од секој натпревар со клик на резултатот

Охрид – Преспа 38-21
Металург – Јехона 44-22
Голден Арт – Партизан Гевгелија 41-19
Пролет – Кичево 51-21
Јуниор КВ – Куманово 32-29
Скопје – Текстилец 35-19
Работнички – Драчево 25-30
Македонија Ѓорче Петров – Струга 26-37
Еурофарм Пелистер 2 – Металург РА 38-18
Астраион – Прилеп 25-37
Борец – Тиквеш 26-35
Бутел Скопје – Вардар Неготино 35-25
Шампион – Еурофарм Пелистер 13-40
Аеродром – Младост Богданци 29-24
Алкалоид – Радовиш 39-27