Текстилец не беше пречка за Скопје

Ракометарите на Скопје ја забележаа првата победа оваа сезона, откако по десет порази во Суперлигата, триумфираа против Текстилец во Купот на Македонија 35-19.

Избраниците на Симе Симовски не се испотија премногу да слават против прволигашот и најавија пласман во групната фаза уште на стартот кога поведоа со 6-1.

До крајот на полувремето беше 16-6, а во вториот дел кој беше формалност, предноста беше дуплирана.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Кирил Пешкирски со 11 гола и Андреј Пешевски со шест, додека кај штипјани се истакна Милисав Петров со шест погодоци.

Куп на Македонија, елиминациско коло:
*прочитајте го извештајот од секој натпревар со клик на резултатот

Охрид – Преспа 38-21
Металург – Јехона 44-22
Голден Арт – Партизан Гевгелија 41-19
Пролет – Кичево 51-21
Јуниор КВ – Куманово 32-29
Скопје – Текстилец 35-19
Работнички – Драчево 25-30
Македонија Ѓорче Петров – Струга 26-37
Еурофарм Пелистер 2 – Металург РА 38-18
Астраион – Прилеп 25-37
Борец – Тиквеш 26-35
Бутел Скопје – Вардар Неготино 35-25
Шампион – Еурофарм Пелистер 13-40
Аеродром – Младост Богданци 29-24
Алкалоид – Радовиш 39-27