Тиквеш се потеше 20 минути, но обезбеди висока победа во Велес

Ракометарите на Тиквеш по победата над Борец од 35:26 продолжија со игрите во Купот на Македонија. Тиквеш за да дојде до убедливата победа мораше многу добро да се испоти во првото полувреме.

Екипата на Борец имаше изненадувачки резултат во првите дваесетина минути. Избраниците на Игор Тодоровски многу лесно доаѓаа до погодок, а гостинските ракометари од Кавадарци тешко до реализација. По водството на Борец од 9:8, ракометарите на Тиквеш израмнија на 9:9 и во последните десет минути со серија од 6:0 стигнаа до убедливо водство на полувреме од 18:10.

Во второто полувреме играта на домаќинот комплетно се растури, а тоа го искористи составот на Тиквеш кој ја казнуваше секоја нивна грешка и ја одржуваше својата предност. Во 40. минута резултатот беше плус десет гола за ракометарите на Горан Андоноски, 26:16. До самиот крај немаше поголема промена на теренот. Последниот дел од натпреварот беше лесна задача за ракометарите на Тиквеш да ја осигураат високата победа.

Најефикасен во Тиквеш беше Стефан Дрогришки со осум гола (сите во првото полувреме). Во редовите на Борец прв стрелец беше Кристијан Ристов кој исто така постигна осум гола.

Куп на Македонија, елиминациско коло:
*прочитајте го извештајот од секој натпревар со клик на резултатот

Охрид – Преспа 38-21
Металург – Јехона 44-22
Голден Арт – Партизан Гевгелија 41-19
Пролет – Кичево 51-21
Јуниор КВ – Куманово 32-29
Скопје – Текстилец 35-19
Работнички – Драчево 25-30
Македонија Ѓорче Петров – Струга 26-37
Еурофарм Пелистер 2 – Металург РА 38-18
Астраион – Прилеп 25-37
Борец – Тиквеш 26-35
Бутел Скопје – Вардар Неготино 35-25
Шампион – Еурофарм Пелистер 13-40
Аеродром – Младост Богданци 29-24
Алкалоид – Радовиш 39-27