Ракометарите на Бутел Скопје одиграа рутински натпревар и без проблеми го елиминирааа Вардар Неготино откако слaвеа лесна и убедлива победа со 35:25.
Избраниците на Кристијан Грчевски сериозно влегоа во мечот и уште од самиот старт имаа предност. Многу рано Бутел имаше пет гола позитива, а до крај на првиот дел веќе ја имаа обезбедено победата кога водеше со 21:13.
И во второто полувреме Бутел продолжи со ефикасна игра и сигурно го водеше натпреварот кон победа. До крај на дуелот домаќините стигнаа и до двоцифрена разлика и обезбедија рутински пласман во следната рунда.
Десното крило на Бутел Скопје, Бојан Спасовски со девет гола беше прв стрелец на средбата, додека шест гола кај домашните постигна Марко Митев. Во екипата на Вардар Неготино со пет гола се истакна Мирослав Митевски.
Куп на Македонија, елиминациско коло:
*прочитајте го извештајот од секој натпревар со клик на резултатот
Охрид – Преспа 38-21
Металург – Јехона 44-22
Голден Арт – Партизан Гевгелија 41-19
Пролет – Кичево 51-21
Јуниор КВ – Куманово 32-29
Скопје – Текстилец 35-19
Работнички – Драчево 25-30
Македонија Ѓорче Петров – Струга 26-37
Еурофарм Пелистер 2 – Металург РА 38-18
Астраион – Прилеп 25-37
Борец – Тиквеш 26-35
Бутел Скопје – Вардар Неготино 35-25
Шампион – Еурофарм Пелистер 13-40
Аеродром – Младост Богданци 29-24
Алкалоид – Радовиш 39-27