Блажески даде 12 гола, Струга ја елиминираше Македонија ЃП

Екипата на Струга имаше успешно гостување кај Македонија Ѓорче Петров во елиминациското коло од Купот на Македонија  на кое славеа сигурна победа од 26:37 и се пласираа во следното коло.

Струга добро започна и од стартот најави дека нема да дозволи изненадување. После водството од 0:3 и 4:7, домашниот тим сепак успеа да се врати и да израмни. Но до крај на првиот дел гостите ја вратија предноста и имаа водство од 13:16 на полувреме.

Во второто полувреме Македонија ЃП немаше сили за пресврт, Струга рутински ја чуваше предноста и ја зголемуваше. Во финишот суперлигашот имаше и двоцифрена позитива и обезбеди пласман во следната рунда.

Најефикасен во составот на Струга беше Бобан Блажески кој постигна 12 гола и беше предводник на својот тим до победата. Стрелец на седум гола беше Ненад Костоски. Во екипата на Македонија ЃП по шест гола постигнаа Максимилијан Ѓиноски и Владимир Спировски.

Куп на Македонија, елиминациско коло:
*прочитајте го извештајот од секој натпревар со клик на резултатот

Охрид – Преспа 38-21
Металург – Јехона 44-22
Голден Арт – Партизан Гевгелија 41-19
Пролет – Кичево 51-21
Јуниор КВ – Куманово 32-29
Скопје – Текстилец 35-19
Работнички – Драчево 25-30
Македонија Ѓорче Петров – Струга 26-37
Еурофарм Пелистер 2 – Металург РА 38-18
Астраион – Прилеп 25-37
Борец – Тиквеш 26-35
Бутел Скопје – Вардар Неготино 35-25
Шампион – Еурофарм Пелистер 13-40
Аеродром – Младост Богданци 29-24
Алкалоид – Радовиш 39-27