View this post on Instagram
Ристовска одигра капитенски – даде седум гола со Србија и стана МВП!
На камбекот во националниот тим на Македонија, капитенката Сара Ристовска, беше најдобар стрелец во триумфот со 28-21 против Србија на стартот на турнирот „Трофеј Македонија“ во Охрид. Таа даде седум гола и беше прогласена за МВП натпреварот. Македонија утре игра против Црна Гора, додека в сабота ќе се сретне со Хрватска.








