Еурофарм Пелистер 2 со пола сили до победа

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 без поголеми проблеми успеаја да стигнат до победа против Металург РА со 38:18 во Купот на Македонија.

Каков беше распоредот на силите се виде после првите 30 минути. Практично само првите неколку минути имаше каква таква резултатска неизвесност бидејќи после шест минути игра домашните тргнаа во налет. При 4:3 постигнаа четири гола во серија за 8:3, а на четвртиот гол на Металург кој беше постигнат во 12. минута имаа дури 8:0 и веќе беше јасно како ќе се одвиваат работите на овој дуел.

После 20:5 на крајот од првото полувреме во вториот дел падна ритамот, но контролата беше целосно кај домашните. Еурофарм Пелистер 2 знаеше како до крајот од средбата и без проблеми дојде до триумф.

Со тоа си го обезбеди своето место меѓу најдобрите 16 екипи во Купот на Македонија.

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – МЕТАЛУРГ РА            38:18 (20:5)

Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Судии: Димитар Митревски и Благоја Тодоровски од Битола. Делегат: Игор Огненов од Битола.

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2: Ристевски, Јовановски, Кузманоски 4, Петковски 2, Буторац 1, Мирчевски 4, Па. Атансијевиќ 4, Петровиќ, Андонов 2, Димитриоски 4, Талевски 1, Пе. Атанасијевиќ 3, Ѓорговски 5, Белистојановски 5, Блажевски 3.

Седмерци: 3/3, Исклучувања: 6 мин.

МЕТАЛУРГ РА: Ангеловски, Божиновски 1, Вељановски, Костовски 2, Гилев 2, Христоски 7, Ангелески 1, Таневски, Стојчевски, Васовски, Георгиевски 3, Прцуловски, Филиповски 2.

Седмерци: 4/6, Исклучувања: 2 мин.

Куп на Македонија, елиминациско коло:
*прочитајте го извештајот од секој натпревар со клик на резултатот

Охрид – Преспа 38-21
Металург – Јехона 44-22
Голден Арт – Партизан Гевгелија 41-19
Пролет – Кичево 51-21
Јуниор КВ – Куманово 32-29
Скопје – Текстилец 35-19
Работнички – Драчево 25-30
Македонија Ѓорче Петров – Струга 26-37
Еурофарм Пелистер 2 – Металург РА 38-18
Астраион – Прилеп 25-37
Борец – Тиквеш 26-35
Бутел Скопје – Вардар Неготино 35-25
Шампион – Еурофарм Пелистер 13-40
Аеродром – Младост Богданци 29-24
Алкалоид – Радовиш 39-27