Две години од најцрниот ден во историјата на Порто и смртта на Алфредо Кинтана

Поминаа две години од најцрниот ден во историјата на тимот на Порто и на португалската репрезентација.

На денешен ден пред две години, голема трагедија го потресе ракометот, откако почина голманот Алфредо Кинтана.

Чуварот на мрежата со потекло од Куба колабираше на еден од тренинзите на Порто, откако имаше срцев удар.

Иако лекарите во Порто се бореа неколку дена за неговиот живот, сепак Кинтана ја загуби најважната животна битка.