Ракометниот свет се уште тагува – една година од смртта на Алфредо Кинтана

Голманот на Порто и португалската репрезентацијата не дочека да наполни 33 години и почина 22 дена порано. Точно пред една година на 26. февруари 2021 година престана да чука срцето на Алфредо Кинтана.

Докторите четири дена се бореа за животот на Кинтана, но за жал медицината во овој случај беше немоќна. Ненадејното заминување од овој свет на голманот кој беше во екот на својата кариера беше удар за целиот ракометен свет. Неговиот клуб, Порто тешко можеше да се соземе па првично сакаа да се откажат од настап во Лигата на шампионите, но потоа сепак продолжија.

Алфредо беше роден на 20. март 1988 година во Куба. На почетокот комбинираше ракомет со кошарка и одбојка, но потоа го избра ракометот. Како дел од локалниот Сиудад Хавана стана национален шампион три пати, потоа се појави и на Панамериканските игри во Чиле во 2010 година.

На тој турнир Кинтана беше забележан од скаути на Порто кој традиционално следи таленти во Централна и Јужна Америка. Тогаш 22-годишниот Кинтана за малку не влезе во идеалниот тим на Панамериканските игри, но го привлече вниманието. Веднаш по турнириот Алфредо отпатува во Португалија со директорот на Порто Хозе Магалхес.

Во наредните четири години Кинтана стана неприкосновен предводник и број еден во португалскиот ракомет. Во 2014 година раководството на Португалија се одлучи да го наутрализира голманот. На голот на Португалија бранеше 73 натпревари. На неговото последно Европско првенство во 2020 година беше трет голман по бројот на одбранети удари, пред него беа Торбјорн Бергеруд и Словенецот Клемен Ферлин, Кинтана имаше натпревар помалку одиграно. Најдобар голман на Светското првенство во Египет пред една година беше Умберто Гомеш единствениот кој одбрани повеќе од 40% од ударите. Со Алфредо рамноправно ги делеа минутите на теренот.

За Порто одигра 431 натпревар во првенството, Купот и Суперкупот на Португалија, Лигата на шампионите Купот на ЕХФ во кој Порто стигна до полуфиналето во 2019 година. Дефинитивно Кинтана ќе го зголемуваше бројот на репрезентативни настапи почина на само две недели пред почетокот на олимписките квалификации во Франција кои завршија со триумф на Португалците.

Селекторот на Португалија Пауло Переира го исполни ветувањето и направи тетоважа како спомен на Кинтана. ЕХФ постхумно го одликува Кинтана со почесно признание, а во Португалија излезе книга посветена на неговата кариера.