Постхумно, почесна награда за Алфредо Кинтана (ФОТО)

На последниот викенд од сезоната во Лигата на шампионите во машка конкуренција, признание ќе има и за голманот на тимот на Порто, Алфредо Кинтана кој почина како последица од срцев удар доживеан за време на тренинг во февруари.

Нагдата „Засекогаш ѕвезда“ ќе му биде врачена на неговото семејство во моментите кога ќе бидат врачени признанијата за ракометарите кои се најдоа во ол-стар тимот на сезоната во Лигата на шампионите.

Потег кој секако е одличен и кој треба да се поздрави особено во една вака тешка сезона.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by EHF Champions League (@ehfcl)