После завршувањето на настапот на Европското првенство, Дејан Манасков се враќа на обврските кон клубот, а со Веспрем го врзува договор на уште 2,5 години така што ќе има што да покаже во редовите на шампионот на Унгарија и во следните сезони.
Со оглед на тоа што се работи за клуб кој цели кон висок пласман во секое натпреварување и затоа мора да се одигра најдобро што може.
„Кога играте во клуб како Веспрем нормално е да има притисок. Веспрем е клуб кој се бори за највисоки дострели во секое натпреварување и секога има највисоки цели. Као и минатата така и оваа година мора да се освои Купот и првенството на Унгарија и да се отиде на Ф4 во Лигата на шампионите. Тоа ни се основни цели кои ни ги поставуваат пред секоја сезона, па така и во оваа“, изјави Манасков за 24 Ракомет.
Во однос на Вардар смета дека лани имал подобар тим, но дека уште има што да покаже, но се надева и дека ќе успее да дојде до круната како играч на Веспрем.
„Минатата сезона Вардар имаше подобар тим. Играше добро и во финалето беше подобар од нас и заслужено дојде до трофејот. Јас се надевам дека ќе успеам во следните 2,5 години колку што ми остануваат од договорот со Веспрем да дојдам до круната во Лигата на шампионите“, изјави Манасков.
Веспрем е во потера по тимот на Кил во Групата Б од Лигата на шампионите со цел да може да се пласира директно во четврт-финалето. Шанси за да се случи тоа остојат, а првиот дуел во продолжението од сезоната е против составот на Порто и тоа на гостување на 8 февруари.