„Македонската“ Аполда оди ранг погоре во Германија, Гошевски е најдобар стрелец во лигата!

Тимот на Аполда, каде што тренер е Игор Тоскоски, а играат тројца Македонци – Христијан Милошески, Пеце Ѓорѓиески и Дејан Гошевски, прослави пласман во ранг погоре во Германија.

Аполда во последното коло славеше против составот на Јена со 35-27, а Гошевски беше стрелец на 12 гола, додека Ѓорѓиески погоди еднаш.

Покрај пласманот ранг погоре, односно во четвртата конкуренција по ранг, Аполда и Гошевски имаа уште една причина за славење.

Десниот бек што своевремено играше за Тиквеш, Охрид, Металург, Голден Арт, хрватскиот Метковиќ…беше најдобар стрелец во оваа конкуренција.

Тој успеа да постигне 189 погодоци на 22 меча, што беше доволно за да биде на врвото на листата на стрелци.