Еден од најдобрите аргентински ракометари во историјата, Диего Симонет, официјално објави дека ова е неговата последна сезона во кариерата.
Искусниот среден бек веќе на стартот од сезоната се збогуваше со репрезентацијата на Аргентина, а сега потврди дека целосно се повлекува и од активното играње ракомет.
Симонет последните 13 години го носеше дресот на француски Монпелје и стана вистинска легенда на клубот. Македонската публика неодамна имаше можност повторно да го гледа на дело и во двомечот против Вардар на европската сцена.
Аргентинецот со години важеше за еден од најкреативните организатори на играта во европскиот ракомет, а покрај клупските успеси остави огромна трага и со националниот тим на Аргентина.
Со неговото заминување, светскиот ракомет останува без уште едно препознатливо име од една генерација која одбележа цела ера.

























