Машката младинска репрезентација на Македонија оствари победа на првиот пријателски натпревар во ЕХФ неделата против Србија.
Избраниците на Наум Танески славеа против Србите со 33-31 на првата од двете средби што се играат на теренот на северниот сосед.
Утре ќе биде одиграна уште една пријателската средби меѓу двете репрезентации, по што нашите младинци ќе се вратат во Скопје.
Овие средби се дел од подготовките за настапот на Европското првенство во Романија, каде што Македонија е во група со Норвешка, Данска и Хрватска.

























