Пионерките на Ѓорче Петров во минатото коло ја потврдија новата шампионска титула, а сега по мечот со Шампион, кој го добија со 27-10, беа крунисани и ги добија заслужените медали и пехарот.
Најмладите „лавици“ немаа проблеми против Шампион, а најдобри стрелци беа Филимановски, Стојанова и Станковска со по четири гола.
Ѓорче Петров има 38 бодови на првото место и максимален биланс од 19 победи на 19 натпревари, додека втор е тимот на Астибо од 30 бодови. До крајот останува уште едно коло.
Во стручниот штаб на пионерките на Ѓорче се Царчев, Димитријески, Јовановска и Крстаноски.
Медалите и пехарот на најмладите „лавици“ им ги доделија ракометарките од првата екипа на Ѓорче Петров – Дукоска, Николиќ, Цветановска, Јовановска…

























