Со дуелот меѓу Шпанија и Израел, што се играше утринава по македонско време, се комплетираа првите натпревари од третиот и последен бараж за пласман на СП 2027 од европската зона.
Шпанија славеше со 32-27, откако и на полувремето водеше со 18-12, а составот на Жорди Рибера ја имаше контролата во текот на целиот меч.
Најдобри стрелци во победничката селекција беа Тарафета со пет и Фис со четири гола, додека кај Израел се истакнаа Дајан со шест и Лумбросо со пет погодоци.
Реваншот ќе се игра на 16 мај. Двете селекции ги играат натпреварите на неутрален терен, во главниот град на Аргентина – Буенос Аирес.
Србите има за што да жалат, Словенија и Фарски Острови ги освоија Подгорица и Тузла
Норвешка и Франција може да прават планови за СП, Грција и Полска со значајни победи























