ИДЕАЛЕН ТИМ НА 9. КОЛО ОД СУПЕРЛИГА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ќе ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во вториот дел од сезоната.

Сезоната ќе биде долга, ќе има неизвесни битки за титулата и за опстанокот, а на љубителите на ракометот нема да им недостигаат драматични и неизвесни натпревари.

Ние ги одбравме најдобрите седум, а со помош на вашите гласови ќе се одбере ракометарот кој ќе биде МВП на колото. Ќе можете да гласате до недела до 12 часот.

Според Вас кој е најкорисниот ракометар на 9. коло во машка Супер лига?

Игор Мршулља -среден бек- Јуниор К.В.
44.44%
Петар Атанасијевиќ-лево крило- Еурофарм Пелистер 2
31.20%
Карим Хендави -голман- Еурофарм Пелистер
10.46%
Момир Рниќ -лев бек- Металург
9.76%
Михаил Аларов -пивот- Пролет
1.66%
Иван Чупиќ -десно-крило- Вардар
1.44%
Матео Мараш -десен бек- Еурофарм Пелистер
1.05%

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-ОФ

РЕЗУЛТАТИ ОД 9. КОЛО

ВАРДАР – ОХРИД       37:29 (ИЗВЕШТАЈ)

МЕТАЛУРГ – СТРУГА  35:28 (ИЗВЕШТАЈ)

ПРОЛЕТ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 27:25 (ИЗВЕШТАЈ)

БУТЕЛ СКОПЈЕ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР     26:29 (ИЗВЕШТАЈ)

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-АУТ

РЕЗУЛТАТИ ОД 9. КОЛО

АСТРАИОН – ГРК ТИКВЕШ    19:37 (ИЗВЕШТАЈ)

ПРИЛЕП – РАБОТНИЧКИ       31:28 (ИЗВЕШТАЈ)

ЈУНИОР КВ – КЛ 7      43:37 (ИЗВЕШТАЈ)

МЛАДОСТ – РАДОВИШ         22:27 (ИЗВЕШТАЈ)

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ПРИЛЕП971124
2МРК КУМАНОВО971123
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2960321
4ВАРДАР НЕГОТИНО960318
5МУЛТИЕСЕНС941414
6ГОЛДЕН АРТ921610
7СКОПЈЕ 202092076
8АЕРОДРОМ90092

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 9. КОЛО

ГОЛМАН: Карим Хендави (Еурофарм Пелистер) – Еден од клучните ракометари на тешкото гостувaње кај составот на Бутел Скопје.

ЛЕВО КРИЛО: Петар Атанасијевиќ (Еурофарм Пелистер 2) – Одработи добра средба на гостувањето кај Пролет. Средбата ја заврши со 4 гола од 4 обиди.

ЛЕВ БЕК: Момир Рниќ (Металург) – Одигра еден од подобрите натпревари во дресот на Металург. Со седум гола заедно со Поповиќ беше лидер во нападот.

СРЕДЕН БЕК: Игор Мршуља (Јуниор Кисела вода) – Самиот постигна пола од головите за неговиот тим и ги водеше колегите во победата над КЛ 7. Средбата ја заврши со 18 погодоци.

ДЕСЕН БЕК: Матео Мараш (Еурофарм Пелистер) – Како одминува времето така влегува во сè подобра форма и покажува дека е добро засилување за тимот од Битола. Против Бутел Скопје беше стрелец на пет гола.

ДЕСНО КРИЛО: Иван Чупиќ (Вардар) – Беше најрасположен за игра на средбата против Охрид. Изброи до десет гола и покажа дека секогаш игра на максимум.

ПИВОТ: Михаил Аларов (Пролет) – Продолжува во стандардна форма и со ефикасна игра во нападот. Постигна пет гола, а дефинитивно е еден од оние кои редовно имаат добра игра и во одбраната.