Вардар и натаму на максимум, не виде мака против Охрид

Ракометарите на Вардар ја забележаа деветтата победа во деветтиот натпревар од плеј-офот во Суперлигата, откако „црвено-црните“ на домашен терен славеа над составот на Охрид со убедливи 37-29.

Неизвесно, ако може така да се каже, беше само во првите пет минути кога беше 3-3. Вардарци потоа со голови од контранапад преку Георгиевски зголемија на 6-3, а водството на домашните растеше од минута во минута.

Во финишот на полувремето се разигра и Валчак, па избраниците на Стевче Алушовски имаа и 11 погодоци предност против охриѓани, 23-12, резултат со кој се замина на пауза.

Вториот дел беше само формалност, шанса за настап добија повеќе ракометари од двете екипи, но тоа се почувствува во резултатот. Охрид еднаш стигна до минус седум, но немаше сили за нешто повеќе. На крајот конечни 37-29.

8 мај 2021
37 - 29
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
8 мај 2021 15:33 REГУЛАРЕН ДЕЛ | ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА 2020/2021 08.05.2021 60'

Место

СЦ „Јане Сандански“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ВАРДАР 19612337Победа
ОХРИД1229Пораз

ВАРДАР 1961

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Борко Ристовскиголман00
2Васко Шеваљевиќлев бек01
3Патрик Валчакпивот03
4Томислав Јагуриновскидесен бек02
5Стојанче Стоиловпивот02
9Гоце Георгиевскидесно крило05
11Мартин Карапалевскицентрален бек01
15Кристијан Дисингерлев бек01
18Ловро Јотиќцентрален бек06
21Глеб Каларашпивот00
27Иван Чупиќдесно крило010
28Филип Талескилев бек01
31Тимур Дибировлево крило04
55Стефан Атанасовскипивот11
97Марко Мишевскилев бек10
98Марко Кизиќголман00
 Вкупно 237

ОХРИД

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Јагош Брауновиќголман00
4Крсте Андоновскилево крило00
5Мартин Ивановскицентрален бек00
6Филип Кривокапиќцентрален бек19
7Бобан Блажескидесно крило01
8Наум Костовдесно крило03
9Игор Чагаљпивот22
10Филип Николовдесен бек00
13Борче Соколовцентрален бек01
14Михајло Младеновиќлев бек13
19Иван Тасескипивот02
24Мартин Манасковлев бек03
35Николче Ристескилево крило03
55Христијан Димитриескипивот00
94Денис Тотдесен бек22
97Никола Даниловскиголман00
 Вкупно 629

Officials

Судии:Делегат:
АНГЕЛЕСКИ ГОРАН
СЕДЛОСКИ РУБИНЧО
НИКОЛОВСКИ АЦО
ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515