Ракометарите на Прилеп по неколку сезони играње во суперлигашкиот плеј-аут, во новата сезона ќе влезат со големи амбиции да станат дел од разигрувањето за титула.
Под водство на Наум Танески, прилепчани денеска ги започнаа подготовките за новата сезона со новите засилувања.
Меѓу голманите дојдoa искусниот Благојче Трајкоски и младиот Никола Стојкоски, договорите ги продолжија тренерот Наум Танески, Никола Цветаноски, најдобриот стрелец Димитар Димитриоски, а нови имиња се пикерот Петар Маркоски, левиот бек Андреј Стојановски, како и повратникот Стефан Лозаноски.
Замина хрватскиот пивот Томислав Квастек, а членови на Прилеп не се Илчо Ивчески, Божидар Илиески, Пеце Рајатоски, Лука Ѓоргиевски…
Прилепчани ќе бидат дел од турнирот во Струга од 12 до 15 август, а ќе настапат и на домашниот меморијал „Миле Нешкоски“ од 20 до 23 август.

























