Словенците со четири од четири пред дуелот со Македонија – во ростерот имаат играч на Кил

Првиот ривал на Македонија на кадетското ЕП, Словенија, ги заврши подготовките за настапот во Србија. Избраниците на селекторот Марко Шибила со четири победи ќе патуваат на континенталниот собир.

Шибила на подготовките имаше 18 ракометари, кои остварија победи над Кувајт, Хрватска, Египет и Унгарија.

Најпрво Словенија беше подобра од Кувајт со 37-17, а потоа беше совладана и селекцијата на Хрватска со 31-29. Овој викенд Словенците го освоија и турнирот во унгарскиот град Кечкемет.

Во полуфиналето, Словенија беше подобра од Египет со 31-26, а во финалето славеше и над домаќинот Унгарија со 31-27.

Во составот на селекторот Шибила, 17 ракометари доаѓаат од домашното првенство – Целје, Тримо, Слован…а само еден интернационалец доаѓа од бундеслигашот Кил – левиот бек Мурко Патрик.

Македонија и Словенија ќе го отворат Европското првенство на 29 јули со пресметката од 12:00 часот во салата „Вождовац“.