Металург сигурно против Струга, се врати во трка за 3. позиција

Ракометарите на Металург дојдоа до победа против тимот на Струга од 35:28 со што освоија три важни бодови и успеаја да се врта во трка за 3. позиција во плеј-офот. Со денешните бодови Металург има 11 поени, па пред средбата меѓу Бутел Скопје и Еурофарм Пелистер има исто колку и градскиот ривал.

На средбата против Струга ракометарите на Металург беа во предност од почетокот на дуелот. без поголеми проблеми успеаја да ја зголемуваат предноста и да ја одржуваат во текот на целото прво полувреме.

Металурзите постојано беа во позитива од 3-4 гола, а на одмор заминаа со 17:13. ова беше разлика која има даваше сигурност така што беше само прашање како ќе се издржи до крајот на средбата и д се дојде до бодовите.

Контролата на играта продолжи и во вториот дел и немаше поголеми проблеми за да се остане во водство. Постојано се користеше можноста да се има целосна контрола на играта, па мирно се одеше кон нови погодоци, што даваше можност со сигурна игра да се дојде до победа и нови бодови.

После казнувањето на повеќето од грешките Металург на крајот стигна до победа од 35:28 така што со новите бодови сега има исто колку и Бутел Скопје на 4. позиција, а два повеќе од тимот на Охрид.

8 мај 2021
35 - 28
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
8 мај 2021 17:25 REГУЛАРЕН ДЕЛ | ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА 2020/2021 08.05.2021 60'

Место

Спортска сала „Автокоманда“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
МЕТАЛУРГ1735Победа
СТРУГА1328Пораз

МЕТАЛУРГ

# Играч Позиција Исклучување Голови
4Александар Петковскидесен бек10
6Милан Поповиќлево крило07
7Дарио Кофилоскилево крило03
10Даниел Дупјачанецголман00
11Мице Шилеговдесно крило01
13Златко Хорватдесно крило14
15Василије Калуѓеровиќлев бек00
17Мартин Серафимовдесен бек12
19Милан Лазаревскипивот00
20Даниел Ѓорѓескиголман00
26Марко Тарабокијацентрален бек02
27Теодор Тодескилев бек14
28Андреј Митиќпивот11
42Момир Рниќлев бек07
44Стефан Додиќцентрален бек04
64Велко Маркоскилев бек00
 Вкупно 535

СТРУГА

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Владо Затаракоскиголман00
2Петар Маркоски-10
4Христијан Крстаноскилев бек00
5Бобан Савески-00
7Пеце Рајатоскидесно крило02
11Тодор Јанкулоскидесно крило00
12Мартин Јовановскиголман00
14Славиша Димитријескицентрален бек02
18Богдан Николиќцентрален бек06
23Игор Илиевскилево крило11
24Ненад Костоскилево крило01
25Вукашин Ракочијалев бек013
44Дарио Симоноскипивот02
55Филип Пајкоскипивот01
77Никола Цветаноскилев бек00
 Вкупно 228

Officials

Судии:Делегат:
ГЕОРГИЕВСКИ ДЕЈАН
ГЕОРГИЕВСКИ ДИМИТАР
НАУМОВСКИ РУСЕ

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-ОФ

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515