Јуниор влезе во серија, Мршуља беше нерешлива енигма за КЛ 7

Екипата на Јуниор Кисела вода дојде до нова победа во плеј-аутот од Супер машката лига, а денеска го совлада тимот на КЛ 7 со 43:37 со што се избори за нови три важни бодови.

Во текот на целата средба имаше надигрување, а нијанси беа во прашање околу тоа кој тим ќе може до триумф. Гостите беа во предност на почетокот од натпреварот и добри 15-20 минути го контролираа резултатот.

Сепак, како се доближуваше првото полувреме кон крајот стануваше јасно дека составот на Јуниор Кисела вода ќе се врати во игра и ќе направи пресврт. Ритамот на КЛ 7 беше во пад, а тоа овозможи составот од Кисела вода да се избори за предност од 22:20 на паузата.

Вториот дел мина со контрола на резултатот од страна на домашните. Ракометарите на Јуниор Кисела вода откако успеаја да дојдат до предност од шест гола при 34:28, до крајот во ниту еден момент не дозволија тимот на КЛ 7 да се доближи премногу.

Оваа средба мина во знакот на Игор Мршуља кој доминираше на теренот во нападот и беше нерешлива загатка на противникот. Успеа да дојде до 18 погодоци со кои практично го одведе својот тим до нова победа.

9 мај 2021
43 - 37
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
9 мај 2021 18:26 ПЛЕЈ АУТ СУПЕРЛИГА 2020/2021 09.05.2021 60'

Место

УС „Круме Кепески“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ЈУНИОР К.В.2243Победа
ГОЛДЕН АРТ2037Пораз

ЈУНИОР К.В.

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Матеј Петковскиголман00
2Марио Гичевцентрален бек23
3Андреј Крстевски-00
4Марко Трајковскипивот27
5Мартин Бошковскипивот00
6Стефан Крстескидесно крило03
7Бојан Маневцентрален бек11
8Кирил Пешкирскилево крило01
9Дамјан Трајковскицентрален бек00
16Адриан Костадиноскиголман00
18Игор МршуљаСреден бек018
23Стефан Стојановскилев бек00
88Томче Трајчевскипивот01
97Жарко Барјактаревиќдесен бек09
 Вкупно 543

ГОЛДЕН АРТ

# Играч Позиција Исклучување Голови
5Александар Стојковдесно крило13
8Андре Буторацдесен бек01
10Симон Гуческилево крило00
11Игор Ѓоргиевцентрален бек16
14Кристијан Симоноскипивот08
15Бојан Љубевскилев бек00
17Божидар Илиескицентрален бек00
19Мартин Димовскидесен бек08
20Иван Галевски-00
22Евгениј Темелкоскидесно крило00
23Емилијан Ѓорговскилев бек19
24Олег Јордановлев бек00
26Марко Стојковиќпивот11
31Глигор Гајиќцентрален бек01
33Виктор Василевскиголман00
99Андреј Петковскиголман00
 Вкупно 437

Officials

Судии:Делегат:
МЕТАЛАРИ ИСМАИЛ
НИКОЛОВСКИ НЕНАД
КАМИШЕВСКИ ДУШКО

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-АУТ

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ПРИЛЕП541015
2ВАРДАР НЕГОТИНО540112
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2530212
4МРК КУМАНОВО531111
5МУЛТИЕСЕНС530210
6ГОЛДЕН АРТ51046
7СКОПЈЕ 202051043
8АЕРОДРОМ50052