ИДЕАЛЕН ТИМ НА 11. КОЛО ОД СУПЕРЛИГА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во вториот дел од сезоната.

Сезоната е долга, и веќе е во финишот на битките за титулата и за опстанокот, а на љубителите на ракометот нема да им недостигаат драматични и неизвесни натпревари.

Ние ги одбравме најдобрите седум, а со помош на вашите гласови ќе се одбере ракометарот кој ќе биде МВП на колото. Ќе можете да гласате до четврток до 14 часот.

Според Вас кој е најкорисниот ракометар на 11. коло во машка Супер лига?

Василије Калуѓеровиќ - лев бек - Металург
49.30%
Евгениј Темелкоски - десно крило - КЛ7
26.15%
Хазеин Рустамов - лево крило - Прилеп
11.19%
Вања Смиљаниќ - десен бек - Тиквеш
7.68%
Јосип Периќ - среден бек - Еурофарм Пелистер
2.36%
Градимир Чаневски - голман - Еурофарм Пелистер
1.66%
Лука Вујовиќ - пивот - Работнички
1.66%

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-ОФ

РЕЗУЛТАТИ ОД 11. КОЛО

ВАРДАР – БУТЕЛ         26:22 (ИЗВЕШТАЈ)

МЕТАЛУРГ – ОХРИД   28:24 (ИЗВЕШТАЈ)

ПРОЛЕТ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР     21:25 (ИЗВЕШТАЈ)

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – СТРУГА    31:17 (ИЗВЕШТАЈ)

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ВАРДАР 1961440012
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 243019
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР43019
4ОХРИД43019
5БУТЕЛ43019
6ПРОЛЕТ43019
7ПРИЛЕП42026
8ТИКВЕШ 201441033

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-АУТ

РЕЗУЛТАТИ ОД 11. КОЛО

АСТРАИОН – РАБОТНИЧКИ   18:24 (ИЗВЕШТАЈ)

ЈУНИОР КИСЕЛА ВОДА – ПРИЛЕП    32:38 (ИЗВЕШТАЈ)

МЛАДОСТ – КЛ 7  28:32 (ИЗВЕШТАЈ)

ГРК ТИКВЕШ – РАДОВИШ      25:25 (ИЗВЕШТАЈ)

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 11. КОЛО

ГОЛМАН: Градимир Чаневски (Еурофарм Пелистер)

Тимот на Еурофарм Пелистер имаше тешко гостување кај Пролет, но успеа да се избори за победа. Чаневски имаше уште еден натпревар на кој одигра добро.

ЛЕВО КРИЛО: Хазеин Рустамов (Прилеп)

Ова беше клучна средба за прилепчани кои победија во Скопје кај Јуниор Кисела вода со 38:32. Рустамов деветпати ја тресеше мрежата на противникот.

ЛЕВ БЕК: Василије Калуѓеровиќ (Металург)

Бекот од Црна Гора во редовите на Металург со седум погодоци ги предводеше стрелците во победата против составот на Охрид.

СРЕДЕН БЕК: Јосип Периќ (Еурофарм Пелистер)

Организаторот на играта на тимот од Битола имаше уште еден ефикасен натпревар. Со девет гола беше убедливо најефикасниот.

ДЕСЕН БЕК: Вања Смиљаниќ (ГРК Тиквеш)

На тешкиот натпревар против Радовиш во кој беше освоен бод, Смиљаниќ имаше добар ден. Оваа средба ја заврши со седум гола.

ДЕСНО КРИЛО: Евгениј Темелкоски (КЛ 7)

Младите момци од КЛ 7 имаа гостување кај Младост кое го решија во своја корист со 32:28. Темелкоски одигра одлично и постигна десет гола.

ПИВОТ: Лука Вујовиќ (Работнички)

Се очекуваше ова да биде лесен натпревар за Работнички, но резултатски истиот беше неизвесен. Вујовиќ беше еден од тројцата најефикасни во Вардар со седум гола.