Десното крило Мамаду Дику си замина од португалскиот Порто и ќе игра во романскиот шампиионат. 26-Годишниот Дику, кој потекнува од Барселона потпиша за тимот на Баја Маре.
Според данските медиуми, Сандра Тофт е на чекор до трансфер во европскиот првак Мец. Тофт, која е трет избор во унгарскиот Ѓер, би можела да ја замени Габриела Морески, која пак се повреди уште пред да почне сезоната.
Левиот бек на репрезентацијата на Италија и доскорешен член на романскиот Темишвар, Кристијан Манојловиќ, потпиша за Спортинг Лисабон. На 20-годишниот Манојловиќ струњаците му предвидуваат одлична иднина.
Хрватското десно крило Фран Милета и наредната сезона ќе ги брани боите на српскиот вицепрвак Војводина. Тој одигра одлично во финишот на минатата сезона по заминувањето на Воркапиќ во Вардар и си заработи нов договор.