Грчкиот Олимпијакос го промовираше искусниот египетски голман Карим Хендави како свое ново засилување за претстојната сезона.
38-Годишниот чувар на мрежата зад себе има богата интернационална кариера, а на македонската јавност и е добро познат по настапите за Еурофарм Пелистер во сезоната 2020/21.
Хендави доаѓа во Олимпијакос од германскиот Вецлар, а претходно бранеше и за Замалек, Ал Сафа, Ал Калиџ, Констанца, Бешикташ, Ал Ахли…
Станува збор за еден од најуспешните египетски голмани во историјата. Како стандарден репрезентативец на Египет настапи на осум СП и три ОИ (2016, 2020 и 2024). Со националниот тим четирипати беше шампион на Африка, а на Олимписките игри во Токио 2021 го освои четвртото место.
Со ангажманот на Карим Хендави, Олимпијакос добива големо искуство меѓу стативите и голман кој зад себе има настапи во Лигата на шампионите, како и бројни успеси на клупско и репрезентативно ниво. Претходно во грчкиот првак дојдоа Матија Николиќ, Анте Кудуз…
























