Прилеп се ближи до опстанок, убедливо до триумф кај Јуниор КВ

Ракометарите на Прилеп имаа убедливо издание на гостувањето против Јуниор Кисела Вода и остварија лесен триумф со 32:38  во 11. коло од плеј-аутот во Супер лигата.

Гостинската екипа имаше контрола на играта и резултатот од самиот почеток на дуелот. Прилеп отвори со 0:2 и 1:4  успешно ја чуваше предноста во продолжението. До крај на првиот дел гостинската екипа создаде сигурно водство и на полувреме имаше 12:19.

Второто полувреме не донесе ништо ново на теренот, Јуниор КВ се обиде да се врати во игра, но најмногу што направи беше да намали на минус четири. Следуваше серија од 4:0 на Прилеп со која поведоа 19:28 и го решија победникот. До крај без проблеми гостите стигнаа до победата.

За одбележување е големиот број исклучувања особено во домашната екипа, која имаше вкупно девет казни од по две минути и црвен картон, додека тимот на Прилеп играше десет минути со играч помалку.

Најефикасен во победничкиот тим беше Казеин Рустамов со девет погодици, додека седум гола постигна Давор Шокоски. Во тимот на Јуниор Кисела Вода прв стрелец со осум гола беше Марко Трајковски.

23 мај 2021
32 - 38
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
23 мај 2021 23:18 ПЛЕЈ АУТ СУПЕРЛИГА 2020/2021 23.05.2021 60'

Место

УС „Круме Кепески“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ЈУНИОР К.В.1232Пораз
ПРИЛЕП1938Победа

ЈУНИОР К.В.

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Матеј Петковскиголман11
2Марио Гичевцентрален бек05
3Андреј Крстевски-00
4Марко Трајковскипивот18
5Мартин Бошковскипивот00
6Стефан Крстескидесно крило13
7Бојан Маневцентрален бек31
8Кирил Пешкирскилево крило02
9Дамјан Трајковскицентрален бек00
16Адриан Костадиноскиголман00
18Игор МршуљаСреден бек14
23Стефан Стојановскилев бек21
24Кристијан Николовски-00
30Стефан Јордановски-00
88Томче Трајчевскипивот01
97Жарко Барјактаревиќдесен бек06
 Вкупно 932

ПРИЛЕП

# Играч Позиција Исклучување Голови
2Александар Тренчевскипивот05
7Хазеин Рустамовлево крило09
9Христијан Бикоскилево крило01
10Сашко Манческипивот11
11Владимир Трајкоскилев бек13
12Иван Ангелескиголман00
13Ивица Дукоскицентрален бек00
14Даниел Андоновскилев бек22
18Давор Шокоскилев бек17
19Антонио Бурчевскипивот00
22Мартин Карафилоскипивот00
23Реваз Чантуријадесно крило07
25Златко Везенковскицентрален бек00
33Стефан Христоскиголман00
34Мириан Гавашелишвилилев бек02
77Зураб Цинцадзеголман01
 Вкупно 538

Officials

Судии:Делегат:
ИЛИЕВСКИ МЕТОДИЈА
ИЛИЕВСКИ МИХАЈЛО
ЈАНЕВСКИ ЉУПЧО

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-ОФ

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ПРИЛЕП971124
2МРК КУМАНОВО971123
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2960321
4ВАРДАР НЕГОТИНО960318
5МУЛТИЕСЕНС941414
6ГОЛДЕН АРТ921610
7СКОПЈЕ 202092076
8АЕРОДРОМ90092