Храбриот Бутел се бореше до крај, но бодовите останаа за Вардар

Ракометарите на Вардар потешко од очекувањата се вратија на победнички патеки по поразот во Битола од Еурофарм Пелистер. Избраниците на Стевче Алушовски едвај го скршија отпорот на Бутел Скопје во вториот дел и славеа триумф со 26-22.

Дека нема да биде лесно за вардарци, стана јасно уште на стартот, кога Бутел поведе со 1-3. Вардар врати за 3-3 набрзина, но ниту едната ниту другата екипа не успеваше да се одлепи. До крајот на полувремето се играше гол за гол, па на пауза се замина со 11-11.

Во второто полувреме кај вардарци во игра влегоа Дибиров, Чупиќ, Дисингер, Стоилов…Домашните не можеа да го скршат отпорот на храбриот Бутел ниту на стартот на вториот дел иако поведоа со 14-12.

Избраниците на Кристијан Грчевски израмнија на 14-14, а потоа со головите на Божиновски и Митев, имаа плус еден, 15-16 и 16-17. Сепак „црвено-црните“ се вратија во игра и поведоа со 22-20, а беше и 23-21.

Гостите имаа шанса да намалат, но не погодија и Дибиров казни од контра за 24-21. До самиот крај Вардар успешно ја задржа предноста за конечни 26-22, но навивачите сигурно нема да бидат задоволни од ваквата игра на нивните избраници.

22 мај 2021
26 - 22
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
22 мај 2021 14:11 REГУЛАРЕН ДЕЛ | ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА 2020/2021 22.05.2021 60'

Место

СЦ „Јане Сандански“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ВАРДАР 19611126Победа
БУТЕЛ1122Пораз

ВАРДАР 1961

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Борко Ристовскиголман00
2Васко Шеваљевиќлев бек01
3Патрик Валчакпивот12
4Томислав Јагуриновскидесен бек07
5Стојанче Стоиловпивот20
8Димитар Димитриоскилево крило01
11Мартин Карапалевскицентрален бек01
15Кристијан Дисингерлев бек22
18Ловро Јотиќцентрален бек02
21Глеб Каларашпивот10
27Иван Чупиќдесно крило06
28Филип Талескилев бек02
31Тимур Дибировлево крило01
44Јосип Векиќдесен бек00
97Марко Мишевскилев бек11
98Марко Кизиќголман00
 Вкупно 726

БУТЕЛ

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Наум Симјановскиголман00
6Јовица Младеновскилев бек00
8Димитар Ѓеоргиевскицентрален бек21
9Марко Божиновскилево крило02
10Марко Митевцентрален бек04
14Бојан Спасовскипивот00
15Златко Мојсоскидесно крило00
17Бојан Спасовскидесен бек01
18Христијан Милошевскилев бек00
22Стефан Стојчевиќпивот00
23Горан Печенковскицентрален бек00
24Златко Даскалоскиголман00
26Душан Трифковиќ-00
33Владимир Јевтиќпивот24
34Кристијан Василевскипивот04
64Мирко Мајиќлево крило06
 Вкупно 422

Officials

Делегат:Судии:
ЦВЕТКОСКИ ИЛИЈАМИТРЕВСКИ ДИМИТАР
ТОДОРОВСКИ БЛАГОЈЧЕ
ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515