Бутел Скопје домаќин на младинскиот Ф4 турнир, натпреварите ќе се играат за викенд

Екипите на Бутел и Алкалоид се организатори на овогодинешниот Ф4 кај младинците, кој ќе се одржи во периодот на 4 и 5 јуни во спортската сала „Антон Димитров“ во Бутел.

Освен Бутел и Алкалоид, учесници на Ф4 турнирот ќе бидат и екипите на Прилеп и Еурофарм Пелистер 2.

Во споредба со ланскиот Ф4, само Еурофарм Пелистер 2 обезбеди учество меѓу најдобрите четири екипи. Минатата сезона домаќин на Ф4 турнирот кај младинците беше Борец, а титулата ја освои тогашниот состав на КЛ 7.

Младинци, полуфинални двојки:

04/06, 18:30 часот, Алкалоид – Прилеп

04/06, 21:00 часот, Бутел – Еурофарм Пелистер 2

05/06, 17:45 часот, натпревар за 3 место

05/06, 20:00 часот, финале