Актуелниот освојувач на трофејот во ЕХФ Европскиот Куп, тимот на Охрид, ги започна подготовките за новата сезона.
Стратегот Борис Ројевиќ ја имаше првата прозивка со ракометарите, а недостигаше само Тилен Стрмљан, кој дополнително ќе се приклучи на екипата.
Охриѓани ова лето одново ќе бидат дел од турнирот во Струга, потоа ќе настапат и на домашниот турнир, пред двете средби од Регионалната лига.
По двата турнири следуваат пресметки со Динамо Панчево и Будва, пред натпреварот од Супер Купот против Вардар на 2 септември.

























