Промена меѓу учесниците на турнирот „Крсте Андоновски“

Охрид и СРЦ „Билјанини Извори“ ќе бидат домаќини ова лето на петтото издание на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“. Охриѓани одново ќе го соберат кремот на ракометот покрај езерото, а има една промена меѓу учесниците.

На местото на египетскиот состав Замалек, на турнирот ќе настапи младинската репрезентација на Египет, која се подготвува за Медитеранските игри.

Тие ќе бидат во групата А заедно со домаќинот Охрид, хрватскиот првак Загреб и српскиот вицепрвак Војводина.

Во групата Б остануваат македонскиот шампион Вардар, грчкиот првак Олимпијакос, како и тимовите на Тримо Требње од Словенија и Нексе Нашице од Хрватска.

Турнирот на кој домаќинот Охрид ќе го брани трофејот освоен минатата година, ќе се игра покрај езерото од 18 до 22 август.