Иако се споменуваше како можно засилување за Еурофарм Пелистер, десниот бек Филип Одак потпиша за Нексе Нашице. Екс кадетскиот и младински репрезентативец на Хрватска во Нашице доаѓа од Извиѓач Љубушки.
Австрискиот репрезентативец Борис Живковиќ замина од францускиот Шарт и ќе игра за швајцарскиот второлигаш Арбон. Претходно Живковиќ играше за Мешков Брест, Фленсбург, Алпла Хард, Азоти Пулави…
Некогашниот лев бек на Охрид, двометрашот Абдерахим Будрали, во претстојната сезона ќе игра во кипарскиот шампионат. Алжирскиот интернационалец потпиша за составот на Парнасос.
Грчкиот првак Олимпијакос објави дека е потпишан договор со поранешниот германски репрезентативец Давид Шмит. Десното крило доаѓа од бундеслигашот Гепинген, а претходно играше за Рајн Некар, Штутгарт и Бергишер.
Десниот бек Милан Милиќ и во наредната сезона ќе го носи дресот на вицепрвакот Војводина. Милиќ паузираше поради повреда долго време, но во Нови Сад очекуваат екс играчот на Загреб и Нант да ги покаже своите квалитети.