Ракометарите на Охрид од денеска ги започнаа подготовките за новата сезона во која ќе бидат активни на четири фронта.
Тренерот Борис Ројевиќ ќе смета на реновиран ростер во кој нема да бидат дел од ракометарите што играа минатата сезона, но Охрид донесе осум засилувања.
Станува збор за голманот Дино Славиќ, пикерот Шуичи Јошида, крилото Адама Кеита, како и бековите Доминик Мате, Никола Зечевиќ, Мартин Ивановски, Филип Талески и Мартин Карапалевски.
Од Охрид заминаа Кристијан Пилиповиќ, Вуко Борозан, Стефан Петриќ, Џанфранко Прибетиќ, Градимир Чаневски, Ориол Реј Моралес, Дејан Кукуловски, Владимир Бојаниќ, Ловро Јотиќ и Косуке Јасухира.
Охриѓани ова лето ќе настапат на турнирите во Струга и Охрид, а потоа ќе одиграат два меча од регионалната лига пред Супер Куп дуелот со Вардар.

























