Новиот тренер на Партизан, Раул Гонзалез, во интервју за „Мондо“ се потсети на успешниот период поминат во Вардар, истакнувајќи дека навивачите во Скопје биле еден од клучните фактори за успесите на македонскиот шампион.
Шпанскиот стратег, кој со Вардар ја освои Лигата на шампионите во 2017 година, нагласи дека токму таква поддршка посакува да има и во Белград.
„Бев многу среќен во Македонија, во Вардар, затоа што навивачите беа фантастични. Многу ни помагаа, арената секогаш беше полна. Тие го сакаат ракометот и беа наш играч повеќе. Тоа ни е потребно и овде. Треба да се бориме за луѓето, за нашите навивачи кои нè поддржуваат. Се надевам дека ќе биде фантастично и во Белград“, изјави Гонзалез.
Партизан во новата сезона влегува со целосно нов лик. Покрај доаѓањето на Раул Гонзалез, белградскиот клуб донесе и неколку засилувања, меѓу кои Бекир Чордалија, Мигел Санчез Мигаљон, Владислав Кулеш, Илија Абутовиќ, Јоав Лумбросо, Брана Мирковиќ, Миља Поповиќ и Тобијас Вагнер.
Српскиот шампион го очекува исклучително предизвикувачка сезона, бидејќи покрај домашното првенство и Купот на Србија ќе настапува и во регионална лига, како и во Лигата на шампионите. По воведните тестирања и првите тренинзи, тимот подготовките ќе ги продолжи на Уб.


























