ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Савехоф дојде со 13 играчи, Маркоски со камбек кај Еурофарм (ФОТО)

Ракометарите на Еурофарм Работник денеска ќе го одигра натпреварот од осмото коло во Лигата на шампионите против шведскиот тим Савехоф.

На првиот меѓусебен дуел во Шведска, нашиот тим водеше и со пет голови разлика, но на крајот остана со празни раце.

Никола Маркоски се враќа во ростерот на тимот предводен од Стевче Алушовски, а ќе отсуствуваат само повредените Невен Стјепановиќ и Милорад Кукоски.

Гостите допатуваа само со 13 играчи во Битола, но тука се главните стрелци, па „фармацевтите“ нема да имаат лесна задача.

Натпреварот меѓу Еурофарм Работник и Савехоф се игра денеска со почеток во 17:00 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“.