ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Еурофарм Пелистер без Лесјак, камбек на Кисум, а Вардар со еден десен бек

Екипите на Вардар и Еурофарм Пелистер денес во Струмица ќе имаат дуел за трофејот во Супер Купот на Македонија.

Двете најдобри екипи од Македонија за првпат сезонава ќе ги одмерат силите како увертира за првото суперлигашко дерби, кое е закажано за 17 септември во СЦ „Јане Сандански“.

Актуелниот шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер, на денешниот дуел со „црвено-црните“ ќе смета на 15 ракометари, а од комбинација за дуелот со вардарци отпаднаа голманот Лесјак, десниот бек Петровиќ, потоа пивотот Нилсен, како и бековите Ѓорговски и Стевановиќ. Од поодамна во Битола не сметаат на Португалецот Вилсон Давајес, а по подолго време во ростерот се враќа Данецот Каспер Кисум.

Вардар ќе може да смета на шесте од седумте засилувања за новата сезона – Петриќ, Срдановиќ, Николиќ, Мело, Родригез и Јасухира, а од комбинација отпадна десниот бек Виктор Гарсија Алонсо. Нема да играат ниту крилата Марио Стојановски и Ален Ќосевски.

Натпреварот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер се игра со почеток од 18:00 часот во спортската сала „Парк“.

Еурофарм Пелистер: Марко Кизиќ, Калифа Гедбан, Цветан Кузманоски, Атанасијевиќ Петар, Ненад Костески, Богдан Радивојевиќ, Жарко Пешевски, Денис Василев, Руди Сери, Павле Атанасијевиќ, Урош Борзаш, Марио Танкоски, Домен Тајник, Каспер Кисум, Нејц Цехте.

Вардар: Мартин Томовски, Васил Гогов, Дарко Ѓукиќ, Гоце Георгиевски, Марко Срдановиќ, Михаил Аларов, Милан Лазаревски, Стефан Атанасовски, Томислав Јагуринивски, Мартин Карапалевски, Косуке Јасухира, Хансер Родригез, Матија Николиќ, Стефан Петриќ, Нилтон Мелто, Марко Мишевски.